„Сега е нејзиното време“ е слоганот под кој е лансирана новата кампања на „Адидас Ориџиналс“ и Фарел Вилијамс.
Како велат, тие во фокус ја ставаат жената, односно моќта на претставувањето и храбрите избори.
Зад фотографиите на кампањата се потпишува Колер Шор, која е позната по тоа што преку своите фотографии континуирано ги презентира родовите теми, сексуалноста и идентитетот, нешто што секако е тема и во оваа кампања на Адидас.
Пред објективот се жени - од уметници до активистики кои совршено се вклопуваат во темата и се познати во областа што ја работат, но не исклучително популарни како ѕвездите за кои секојдневно читаме.
„Суд е пејачка и авторка, Патрис Кулорс е ко-основач на „Black Lives Matter“, Најда Окамото е основач на period.org, Реге Јатес е писателка и режисерка, Идрис Санду е архитектка, Кеала Наие е суферка, Сана Азим активист за човекови права и снимателка, Тајра Мичел е мајка, уметница и основач на „Art Mom project“, Исабела Рангел Грутман е модел и ко-основач на „Style Saves“, Сара Камингс е модел, како и Кадиџа Диавања, Шина Каин и Софија Паркер се танчарки... и сите овие совршено ја претставуваат секојдневната жена“, велат од брендот.
Освен жените, во фокусот на кампањата се секако и новите патики и папучи. Се работи за унисекс модели, кои пружаат удобност и леснотија при движењето.
Со ваквиот избро на жени и фотографии, „Адидас“ и познатиот пејач создадоа револуционерна кампања, особно за спортски бренд.
Погледнете ги сите фотографии:
фото извор: theneptunes.org;