Изненадување: Фарел Вилијамс е новиот креативен директор на машката линија на Луј Витон

15 февруари 2023

Модниот свет како неочекувана и изненадувачка, ја прокоментира одлуката на францускиот луксузен бренд Луј Витон да го назначи продуцентот и музичар Фарел Вилијамс, за нов креативен директор на нивната машка линија.

Добитникот на Греми, доаѓа на оваа водечка позиција како наследник на Вирџил Абло, иако како имиња се споменуваа повеќе помлади дизајни, па дури и Кање Вест.

„Тој е визионер чиј креативен универзум се проширува од музика до уметност и мода", велат за својот нов креативен директор од Луј Витон.

Инаку, ова не е прва соработка на Фарел со брендот. Во 2004 и во 2008 година тој учествуваше во креирањето на сезонските машки линии, но сепак овој негов ангажман е неспоредлив со новата улога на челна позиција.

Фарел исто така е коосновач на брендот за улична облека Billionaire Boys Club.

Објавено:
15 февруари 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
367 пати