Американската консултантска компанија Interbrand неодамна ја објави листата на најдобри глобални брендови за 2018 година според која може да се заклучи дека луксузните модни куќи бележат неверојатен пораст.
На прво место од модните брендови се најде познатата модна куќа Луј Витон која има пораст од неверојатни 23 проценти, а истата е на 18 – тото место во топ 100 брендови.
На 23 – тото место се најде познатиот и еден од омилените светски брендови Шанел, додека на 39 – тото Гучи кои исто така бележат одличен пораст и популарност.
Пред нив, се најдоа брендови како Apple, Coca Cola, Google, BMW, Mercedes Benz, Nike и други. Од сите модни брендови кои се најдоа на листата, единствено Барбери бележи пад од три проценти, додека сите други имаат раст.
Интересно е што и популарниот high street бренд Зара се наоѓа високо на листата, но има пад од пет проценти.
Ребека Робинс од компанијата што го спроведе истражувањето, посочува дека како параметри при истото биле земени во предвид поврзаноста со младите генерации и можноста брендот да се поврзе со различни култури, па оттаму и популарноста на Вирџил Абло како нов креативен директор на машката линија на Луј Витон.
Извор: Buro 24/7