Модната индустрија денес е во неверување и тага - почина дизајнерот Вирџил Абло. Во 41 година од животот ја загуби битката со ракот.
За болеста знаеле само неговите најблиски, а во Инстаграм објавата е напишано дека дизајнерот во последните две години се борел со сите можни средства за да излезе како победник, но за жал не успеал.
View this post on Instagram
„Со голема тага изјавуваме дека нашиот сакан Вирџил Абло, посветен татко, сопруг, син, брат и пријател почина. Зад себе ги остави својата сакана сопруга Шенон, неговите деца Лоу и Греј, сестрата Едвина, неговите родители Не и Јунисе, како и бројни драги пријатели и колеги.
Повеќе од две години, Вирџил силно се бореше со ретка, агресивна форма на рак (cardiac angiosarcoma). Тој одлучи да ја води својата битка од дијагностицирањето на ракот во 2019 година интимно, подвргнувајќи се на бројни третмани, а се' тоа додека беше на чело на неколку значајни институции кои опфаќаат мода, уметност и култура.
И покрај сето тоа, неговата работна етика, бескрајна љубопитност и оптимизмот никогаш не го напуштија. Вриџил беше воден од посветеноста на неговиот занает и неговата мисија да ги отвори вратите за другите и да создаде патеки за поголема еднаквост во уметноста и дизајнот. Често велеше: „Се' што правам е за 17-годишната верзија од мене“, длабоко верувајќи во моќта на уметноста да ги инспирира идните генерации.
Ви благодариме на сите за љубовта и поддршката и ќе ве замолиме за приватност додека жалиме и го славиме животот на Вирџил“ се вели во соопштението.
Инаку, неговиот последен ангажман беше креативен директор на машката модна линија на брендот „Луј Витон", позиција на која беше од 2018 година. Тој беше и еден од основачите на брендот „Off-White" во 2013 година, а почетоците му се во Фенди, каде е стажист заедно со Канје Вест.