Урбаната уметност го пронајде својот пат до модните ревии. Делата на познатите мајстори на графитите беа инспирација за пролетната колекција на Прада, која беше претставена на модната недела во Милано. Сепак едно од највпечатливите парчиња кое доживеа најголема слава е бундата со впечатливи нијанси и женски лик на долниот дел, делумно потсетувајќи на поп арт културата.
Меѓу познатите дами кои го носеа ова парче се Ана Дело Русо и Ана Винтур, која доби своја ексклузивна бела варијанта. Исто така, магазините го вметнаа ова модно парче во пролетните едиторијали, а причината е повеќе од очигледна. Нијансите на бундата го наговестија пролетното шаренило, со кое се разбива монотонијата на монохроматските нијанси специфични за зимскиот период од годината.