Четири титули за Македонија на Избор за убавина во Бејрут

7 септември 2022

Со четири титули се вратија македонските претставнички на изборот за убавина World Next Top Model 2022 што неодамна се одржа во Бејрут, Либан.

На овој интернационален изборо за убавина, сите наши четири претставнички освоија титули, ленти, круни и други награди.

Мија Стерјовска, Ана Брзанова, Катарина Јовановска и Ива Пеева се девојките, сите членки во Модното студио „Црнокрак", кое ја поседува лиценца за нашата држава за овој интернационален избор за модели кој секоја година традиционално се одржува во Бејрут.

"На изборот учествуваа преку 40 девојки од целиот свет и навистина ова претставува огромен успех за Македонија и Модното студио „Црнокрак", пресреќни сме сите", изјави Светлана Црнокрак, која заедно со сопругот Мики е сопственичка на ова наше модно студио.

Објавено:
7 септември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
329 пати