Цивилен орден за партнерот на Ив Сен Лоран

5 јануари 2015

Долгогодишниот партнер на Ив Сен Лоран, медиумскиот магнат и претседател на фондацијата Sidaction, Пјер Берж, беше одликуван со највисокиот почесен цивилен орден во Франција.

co-founder-pierre-berge

Со оваа награда, тој стана Висок офицер на Легијата на честа.

Покрај тоа што тој му беше професионален партнер на Ив Сен Лоран во компанијата, Пјер беше и романтично поврзан со дизајнерот. Двајцата се запознале во далечната 1958 година, а подоцна во 1961 – та година заеднички ја основале компанијата. Двојката се разделила на пријателски начин некаде во 1976 – тата година, но останале добри пријатели и бизнис партнери сѐ до 2002 – та година.

И по разделбата, Пјер остана познат како еден од најголемите поддржувачи на модната куќа. Како што и самиот Пјер ќе каже, смртта на дизајнерот во 2008 – та година за него бил еден од најтешките моменти во животот.]

„Се сеќавам на твојата прва колекција и солзите со кои ја заокруживме на крајот. Потоа, годините како само да поминуваа...Колку брзо минуваа...Нашата разделба беше неизбежна, но љубовта никогаш не запре...“, изјави по смртта на Ив Сен Лоран неговиот долгогодишен партнер Пјер Берж.

Објавено:
5 јануари 2015
Категорија: 
Актуел