Cut for Evans ги повикува студентите да креираат парчиња за крупни дами

31 октомври 2014

Токму поради овој факт, пионерите на модната недела за plus-size креации решија поагресивно да пристапат кон овој проблем. Односно Ребека Ван Рејчер од Cut for Evans покрена иницијатива и ги покани студентире на Универзитетите Нотингам Трент и Кингстон да креираат капсулни колекции со шест парчиња, која нема да биде ограничена со стандарна големина.Жирито ќе одбира победници во двата Универзитети, а е составено од Триш Халпин (уредник на Marie Claire), Џес Спиринг (уредник на Now Magazine), Лаура Пуди (стилист и колумнист) и Џорџина Хорнс (блогерка). Секој победник ќе добие сума од 1. 000 фунти и нивните креации ќе бидат лансирани во бутиците на Cut for Evans во Европа и САД.

ОД Cut for Evans изјавиле дека со овој проект тие се обидуваат да ја наметнат политиката на брендот во глобални рамки, истакнувајќи дека модниот дизајн може да биде инспиративен и ексклузивен. Иако се прават големи напори за промоција на plus-size модели, сепак мал број уредници јавно го споделуваат своето мислење. Риве Баум, уредник на магазинот SLINK ја поздрави иницијативата на брендот, бидејќи како поранешен студент на отсекот за дизајн и самата е свесна дека на факултетите, студентите не се учат да креираат за раззлична телесни конституција. Ваквата иницијатива нуди истовремено едукација и промоција, а досегашните колекции на брендот, се доказ дека дамите со облини исто како и моделите може да носат парчиња со актуелни принтови во разни форми и кроеви.

Објавено:
31 октомври 2014
Категорија: 
Актуел