Дали знаевте дека Луј Витон секоја година ги палат непродадените чанти?

19 јули 2013

Можеби ви звучи како сцена од некој откачен филм, но ова всушност е реална вистина. Секоја година,  доколку не се продадат чантите од последните колекции на Луј Витон, тие ги палат само поради причината да не се намали регуларната цена и купувачите да не можат да ги купат со пониска сума од прво поставената. Хронолошки гледано Луј Витон години наназад не прават распродажба и попусти на своите чанти, а со тоа ја држат константноста на нивната вредност. Интересно е дека два пати годишно се собираат сите чанти кои подолго време стојат на полиците и се продаваат само на вработените во оваа модна компанија и тоа по многу ниска цена. Правило кое важи за сите вработени е дека не смеат да ги продадат на друг.

Еве уште неколку интересни факти за Луј Витон што можеби не ги очекувате:

-99% од производите потпишани со LV се лажни

-Во 2004 година Луј Витон ја прослави 150-та годишнина

-Во 1858 од страна на Витон е произведена првата рачка за куфери

-Продавниците на Wanamaker’s се првите каде во 1898 година се продаваат производи на овој бренд

-Високо квалитетните производи на Луј Витон можете да ги купите во Фиренца-Италија

-Почетоците на Луј Виотн се во 1821 година во Франција

-Прво отворената продавница на Луј Витон на Шанзелизе тогаш била најголемата во светот

Објавено:
19 јули 2013
Категорија: 
Актуел