Дали некогаш сте се запрашале како младиот Луј Витон го градел својот успех и како успеал да ја зацврсти својата позиција во модниот свет? Пред сè, мораме да кажеме дека упорноста се истакнува како најголема позитивна страна и основа за неговиот успех, а ние ќе ви презентираме неколку факти за да ви го потврдиме истото..

1. Луј Витон пешачел 400 километри за да стаса до Париз каде почнал да ја гради својата кариера. На патот до таму го изучувал занаетот.

2. Луј Витон Мателиер (Луј Витон – произведувач на куфери) е името на првиот продажен салон кој во 1854 година бил отворен во Париз.

3. Трианон е првиот куфер со рамен затворач кој бил поставен странично. Иако во денешно време тоа е нормално, сепак Витон го популаризирал во 1858 година. Неговиот син Жорж Витон го креира новиот начин на закопчување односно заклучување на куферите. Претходно сите куфери се отворале на предната страна и имале кружна форма за да бидат заштитени од дождот. Мајсторот на куферите ја обложил горната површина со водоотпорна ткаенина, а поради рамната површина многу било полесно да се местат куферите едни до други. Инаку,  Луј Витон ја започнува својата кариера на изработувач на куфери уште на 16-годишна возраст. Брендот го основа во 1854 година. 

 

4. Таткото и синот се толку сигурни во нивното заклучување, што го повикуваат на предизвик познатиот американски илузионист Хари Худини, јавно да се обиде да избега од куфер, но за жал тој не го прифаќа предизвикот.

Логото, односно монограмот на брендот првпат се појавува во 1896 година, како начин на борба против фалсификатите.

5. Најголем дел од производите на Луј Витон се изработуваат рачно. За чанта се потребни 15, а за куфер 30 часа.

6. Модната куќа повеќе од 140 години произведува куфери, патнички торби и чанти.  Првата линија облека беше претставена во 1998 година благодарение на Марк Џејкобс, кој година дена подоцна стана креативен директор на Витон.

7. Денес Луј Витон е најскапата луксузна модна куќа, но затоа има и најголем број фалсификати. Колку за информација, само 1% од производите со жиг вистински припаѓаат на Луј Витон.

 

 

8.За брендот се фотографирале бројни познати личности како Анџелина Џоли, Мадона, Дејвид Боуви... Но, малкумина знаат и ги изненадува фактот дека ѕвезда на една кампања беше и поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов.

9.Во 2013 година, брендот Луј Витон беше споменат во песните на Канје Вест дури 19 пати.

Објавено:
4 август 2021
Категорија: 
Модни додатоци