На плоштадот во Москва поставен најголемиот куфер на Луј Витон
•
18 ноември 2013
Црвениот плоштад во Москва деновиве има необична перспектива. Во склоп на отворањето на изложбата на славната модна куќа Луј Витон, пред стоковната GUM е поставен најголемиот куфер на Луј Витој.
Tој всушност е макета каде ќе биде претставена изложбата од куфери, чанти, патни торбици и значајни ситници на некои од најславните клиенти на брендот како Исидора Данкан, Кетрин Денев, Софија Копола и Шерон Стоун.