Џиновскиот куфер на Луј Витон им пречи на Русите

28 ноември 2013

lv-kovceg-rusija

Минатонеделното доаѓање на капитализмот во облик на џиновски Луј Витон куфер на московскиот Црвен плошдат, едни го прифатија со воодушевување, додека други пак гледаа со ужас во чудото кое го заклонува погледот на Лениновиот маузолеј. Но, како изгледа, сепак ќе биде како што сакаат овие вторите, па павилјонот на познатиот француски дизајнер ќе биде отстранет, и тоа под итно!

Минатата недела се постави џиновскиот ковчег со логото на Луј Витон на кој се поставени две големи врвки во боите на руското знаме, висок девет метри и 30 метри долг, на средина на плоштадот, кој се наоѓа на листата на УНЕСКО.

Совршен симбол на модерна Русија, павилјонот во кој требаше да се одржи шестнеделна изложба за историјата на луксузните куфери Витон, наречена како „Душа на патувањето“, го блокираше погледот на Црвениот плоштад и поради тоа предизвика негодување кај многу московјани.

lv-kovceg-rusija1

Многу руски медиуми пренесоа дека администрацијата на рускиот претседател побарала итно отстранување на павилјонот затоа што никогаш не дала одобрување за негово поставување. Застапениците во рускиот парламент кој се наоѓа спроти, изјави дека Црвениот плоштад е свето место на руската држава, кое не можат да се тривијализираат.

Споемнатата изложба требаше да се одржи од 2 декември до 19. јануари по повод 120.јубилеј на московската стоковна куќа „ГУМ“, а приходите од продажбата на картите ќе беа наменети за добротворната организација на манекенката Наталија Водјанова „Naked Hearts“, која финансира разни активноста наменети за хендикепираните деца.

Но, по се изгледа дека славната московска стоковна куќа исто така се посомнева во својата одлука. Таа побара од француската модна куќа Луј Витон да го тргне џиновскиот куфер после негативните реакции на јавноста, и поради тоа што големината на павилјонот ја надминала одобрениот лимит.

lv-kovceg

Објавено:
28 ноември 2013
Категорија: 
Актуел