Дани во фантастичен дизајнерски сет од ЕЛЕНА ЛУКА како вистинска рок дива владее на сцена

21 ноември 2023

Кога е во прашање соработката на Дани и ЕЛЕНА ЛУКА, резултатот е секогаш беспрекорен!

Викендов, на претпразничен музички настап, Дани освен што очекувано владееше на сцена, исто така и изгледаше: моќно, а истовремено женствено во фантастичен црн дизајнерски сет од ЕЛЕНА ЛУКА.

ЕЛЕНА ЛУКА е бренд кој создава врвна мода со карактер, а Дани е рок дива која знае како таа дизајнерска препознатливост да ја носи и да ја интерпретира на вистинскиот начин.

Дводелниот црн сет во идеален спој ги вклопува трендовските макси широки панталони со уникатниот горен дел - боди со изразено деколте акцентирано со ревери како детали што му даваат авангардна нота. Дизајнерска комбинација која на впечатлив начин го одразува сензибилитетот на Дани како уметник.

Ја искористивме приликата и ги прашавме Елена и Дани, за нивните актуелни заеднички проекти, на кои овој период посветено работат.

„Вечерва сме на еден одличен претпразничен настан, уживаме во настапот на Дани која е долгогодишна соработничка на брендот и моја многу блиска пријателка. Интензивно работиме на различни проекти периодов, меѓу кои и на новиот видео запис за нејзиниот нов сингл „Ќе ме сакаш ли?". За потребите на спотот направивме исклучителни костими кои што даваат силен визуелен печат на целата приказна и се разбира ќе имате можност да ги видите откако ќе биде промовиран спотот. Работата со Дани е секогаш инспиративна, таа е една прекрасна дама и голем уметник пред сѐ и секогаш сум сметала дека има одличен капацитет преку кој ЕЛЕНА ЛУКА ја изразува својата креативност. Дани му верува на тимот и на тоа што го работиме и затоа секоја наша соработка е успешна", ни изјави Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА.

Дани ни ги откри деталите за новиот спот, за јубилејот - 25 години музичка кариера што ќе го слави претстојната година и за тоа колку ѝ значи сорботката и пријателството со ЕЛЕНА ЛУКА.

„Новата песна во соработка со Весна Малинова и Јордан Манов, треба да излезе наскоро заедно со видео спот, во режија на Марио Станковиќ. Костимите во спотот како еден автентичен концептуален израз се дело на мојата ЕЛЕНА ЛУКА со која имаме интензивна и успешна соработа, која континуирано си прогресира. Сите костими, сите идеи и целото сценарио за тоа како треба да изгледам се на ЕЛЕНА ЛУКА, а јас сум пресреќна што постојат како бренд бидејќи навистина знаат да ме смират од еден аспект кој вели: не се грижи за ништо, ќе биде се океј! Јас се надевам дека оваа соработка ќе трае и трае, бидејќи вистински ме погодува како сензибилитет, имиџ, како израз. Кога сето тоа ќе се склопи и ќе се создаде една фина синергија, успехот е неизбежен" изјави Дани која за идната година ни најави и концерт по повот значајниот јубилеј од 25 години на музичката сцена.

 

 

Објавено:
21 ноември 2023
Категорија: 
Актуел
Тагови: 
Дани Елена Лука