Дејвид Бекам како страстен мотоциклист

8 ноември 2013

Прекрасниот пензиониран фудбалер Дејвид Бекам изгледа едноставно неверојатно во новата фотосесија за брендот Белстаф, олицетворувајќи еден сосема страстен мотоциклист.

u

Фотосесијата е направена од легендарниот Петер Линдберг и само од првата фотографија се гледа дека ќе биде едноставно перфектна.

Истата е направена за брендот Белстаф, за колекцијата пролет/лето 2014, а локацијата е секако, Англија.

Окружен со насмеано, весело и прекрасно друштво, фудбалерот изгледа подобро од кога и да е.

Како страстен љубител на мотори и во приватниот живот, фудбалерот имаше вистинска инспирација да дизајнира и своја колекција за Белстаф, која многу наскоро ќе се појави во продавниците.

Објавено:
8 ноември 2013
Категорија: 
Актуел