Дејвид Кома е новиот креативен директор на Thierry Mugler

13 декември 2013

Дејвид Кома е по потекло од Џорџија, а по завршувањето на студиите во Central Saint Martins во 2009 година почна со креирање на сопствена женска линија која се продава низ 55 бутици низ светот.  Дизајнерот настапува секоја сезона на модната недела во Лондон, а неговите креации ги носат голем број селебрити, меѓу кои е и Бијонсе.

Дејвид на позицијата креативен директор ќе стартува на 2 јануари, првата ресорт колекција ќе биде прикажана во јуни, а првата ревија ќе биде на модната недела во Париз во септември 2014 година.

Каролина Куркова и Џенифер Лоренс во креации на Дејвид Кома Каролина Куркова и Џенифер Лоренс во креации на Дејвид Кома

Вирџинија Кортин Кларинс, маркетинг директорката на модната куќа изјави – „Со поставувањето на Дејвид Кома за креативен директор сакаме да запишеме нова страна во историјата на Thierry Mugler и со тоа да се вратиме на мапата на модниот бизнис. Поседуваме доволно потенцијал за модернизација на модната куќа и враќање на знакот по кој отсекогаш била препознатлива“.

Интересно е што Кома уште како 12 годишно момче бил заинтересиран за оваа модна куќа и постојано ја гледал истата касета на која имало цела емисија за Thierry Mugler и уникатниот стил по кој е препознатлив.

Објавено:
13 декември 2013
Категорија: 
Актуел