H&M и Mugler ќе соработуваат за колекцијата пролет 2023

23 февруари 2023

Модната куќа Mugler и гигантот H&M гордо ја најавија својата соработка, ќе креираат заедничка колекција за претстојната сезона.

Култниот француски бренд, што го основаше Тјери Муглер во 70-те години, веќе со децении плени со своите креации, а особено ги воодушевува оние кои го сакаат авантгардниот стил.

Својот најголем бум го имаше во 90-те, односно во ерата на супермоделите.

Пред неколку години, Муглер особено го привлече окото на јавноста со "мокриот фустан" што го носеше Ким Кардашијан на МЕТ галатa во 2019 година.

Mugler H&M колекцијата, чијашто идеен творец е креативниот директор на модната куќа Кејси Кедволадер, ќе биде достапна онлајн и во одбрани продавници веќе од оваа пролет.

 Фото: Pinterest

Објавено:
23 февруари 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
666 пати
Тагови: 
H&M Муглер