"Балон" здолниште во служба на женственоста и младешкиот изглед

7 април 2023

Балон здолништата за прв се појавија на модната сцена помеѓу 1954-та and 1957-ма. Зад нивниот дизајн стојат генијалните Пјер Кардин и Кристијан Диор, чијашто идеја стана безвременска.

Во 80-те Кристијан Лакроа му даде нова димензија на балон здолништето, а истото доживеа бум во модниот свет, тренд којшто продолжи и во 90-те.

Мадона, Принцезата Дијана, Џејн Сејмур и Кристи Тарлингтон, се само неколкуте дами кои го вклучија ова парче во својот стајлинг, давајќи му една полежерна насока.

Од модните писти, до инфлуенсерите и улиците и денес го гледаме балон здолништето во разни комбинации. Широки џемпери, тесни маички со кратки ракави, кропирана кожна јакна, може да го споите со сè.

И затоа што во пролет отстапуваме простор на здолништата, следниот фотоводич е токму тоа што ви треба.

 Фото: Pixabay

Објавено:
7 април 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.050 пати