Дизајнерско портфолио: Пјер Карден, најкреативниот визионер

2 март 2023

Најмногу ми се допаѓа облеката што ја креирам за животот што уште не постои, облеката што ќе се носи во свет што допрва доаѓа. 

Легендарниот моден дизајнер Пјер Карден е роден во 1922 близу Венеција. Уште како дете со неговата фамилија се селат во Франција за да побегнат од тогашна фашистичка Италија.

Пред да ја основа својата империја Кардeн работеше како кројач за Кристијан Диор и беше дел од креирањето на Новиот изглед.

Во 1950 ја започнува мега успешната модна приказна, со стартување на својата модна куќа.

Три години подоцна креативниот визионер ја претставува својата прва haute couture колекција и создава револуција во модниот свет. Тој беше првиот што креираше здолништа над колената и што смело ја внесе унисекс модата.

Во 1954, Карден станува моден бренд и си го етаблира местото кај модните великани, а заслужна за тоа е неговата најпозната креација "здолништето балон".

Четири години подоцна дизајнерот ја преставува својата прва ready-to-wear колекција за жени, во обид да ја демократизира модата.

Сylinder, првата машка колекција со потпис на Карден, се случува во 1960-та, а ја презентира импресивна бројка од 250 студенти.

Пјер Карден се смета за еден од пионерите на футуристичката мода и дизајнер кој „го скршил ледот“ во новата ера на просторниот дизајн.

На сцена стапија геометриските форми, кругот и триаголникот, комбинирани со микс на традиционални и нови синтетички материјали, што подоцна создадоа неповторливи линии препознатливи во целиот свет.

колекција пролет/лето 1968 г.

колекција пролет/лето 1970

пролет/лето 1993

пролет/лето 2009

есен/зима 1980

 И уште неколку неповторливи дизајни што ќе зборуваат за визионерот во светот што доаѓа.

 Фото : Pinterest, Getty

Објавено:
2 март 2023
Категорија: 
Стории
Прочитано:
560 пати