Молив здолништа што ќе ги носиме оваа пролет

3 април 2023

Молив здолништата се вратија во мода и оваа пролет се еден од најпопуларните трендови. Ова парче доби зелено светло и од многу модни дизајнери како Прада, Диор, Ботега Венета и други кои ги вклучија во своите најнови колекции.

Молив здолништето датира од 40-те години на минатиот век, а за прв пат се појавија во колекциите на Кристијан Диор. Веќе следната декада стануваат составен дел од деловниот стил на жените.

Денес ова парче облека најчесто се комбинира со кошула, елегантна блуза, а трендот дозволува покрај високи потпетици и сандали да се носат и патики.

Без разлика за каков дизајн на здолниште станува збор, оваа пролет, дефинитивно, ќе ги гледаме сè почесто.

Фото: Pinterest 

Објавено:
3 април 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.533 пати