Француски Мери Клер најпосле има нов уредник

30 мај 2014

Реномираниот магазин  за жени Мери Клер односно француската верзија од неговото издание има нова уредничка. Откако кон крајот на 2013 година раководството остана со празна фотеља, односно без одговорната уредничка Кристин Леиритз, по шест месеци на нејзиното место дојде 40 годишната заменичка Мариан Маирис. Инаку, таа речиси поголем дел од својата кариера го помина во магазинот, но нејзината сегашна задача е да ја поврати читаноста која опаѓа уште од 2012 година.

Мери Клер во Франција е создаден уште од далечната 1937 година, успевајќи да се одржи во време  на втората светска војна. Од 1954-та станува месечник, а набрзо од Франција почнува да се издава и во десетина други земји.

Објавено:
30 мај 2014
Категорија: 
Актуел