Клер Вејт се повлекува од Клое
•
9 јануари 2017
Според Ројтерс, Клер Вејт Келер нема да го обнови договорот со модната куќа Клое, кој и истекува во март оваа година. Во 2011 година таа се пресели во Франција, но нејзинотот семејство остана во Лондон. Во официјалното соопштение се наведува дека ја напушта позицијата од семејни причини. Кој ќе го завземе нејзиното место се уште не се знае. Се претпоставува дека можно е тоа да биде Наташа Ремси Леви која работеше заедно со Николас Шекуере во времето кога тој беше креативен директор на Баленсијага.
Ова е голема промена за модната куќа и подразбира големи трансформации. Ако Клер Вејт беше посветена и лојална на брендот и неговата филозофија, Наташа Ремси Леви важи за бескомпромисен играч, како во Баленсијага така и во Луј Витон.