Црпејќи инпирација од фантастичната мода во 70 – тите, Клер Вејт Келер нѝ ја претстави новата колекција за модната куќа Клое, која е неверојатно ромнтична и бунтовна во исто време.
Дел од колекцијата се долги фустани од тантела со секси отвори, фустани и парчиња со леопард принт, но и одлично скроени панталони и здолништа до колената.
Креативната директорка на модниот бренд, Клер во новата cruise колекција успеа да спои хипи моменти со духот и рок естетиката од 70 – тите и во сето тоа да ја вметне бунтовноста од уличната култура.
Веруваме дека сите ќе се вљубат и во фантастичните крзнени парчиња со неодоливиот животински принт, но и во џемперите што Клер ги комбинира со шик панталони и комбинезони.
Како и секогаш, дел од колекцијата се и бохо фустаните што се како создадени за фестивали во текот на летото.
Во продолжение погледнете ги исте парчиња од новата cruise колекција на Клое и уживајте!