Рикардо Тиши, после 12 години, се повлече од местото креативен директор на брендот „Живаши“, а на негово место доаѓа Клер Вејт Келер.
Таа пак, ја напушти истата позиција во „Клое“ за да го направи овој трансфер.
Првата колекција за „Живанши“ ќе ја прикаже во октомври, за време на модната недела во Париз.
-Таа е препознатлива по тоа што ги крши правилата, без премногу врева или револуција. Нејзиниот фокусиран пристап ќе му помогне на брендот да го продолжи она што го негуваше до сега, но секако на ново ниво – вели извршниот директор на „Живанши“, Филипе Фортунато.
Инаку, Келер е првата жена на чело на модната куќа, која годинава прославува 65 години постоење, што носи уште повеќе возбуда за следните професионални чекори на тимот на брендот.
Таа за „Клое“ во текот на шестгодишниот ангажман направи вистинска револуција, па модните познавачи со нетрпение очекуваат да видат како ќе се снајде во новата куќа.
Инаку, покрај основачот Уберт де Живанши, за креативата во изминатите 65 години биле задолжени и Џон Галијано, Александар Меквин, Џулиен Мекдоналд и Рикардо Тиши.