Како изгледаше снимањето на Синди Крафорд за Мери Клер?

Легендарната манекенка Синди Крафорд е ѕвездата на новата насловна страна на модниот магазин Мери Клер Мексико за декември.

Американскиот модел, актерка, ТВ водителка и мајка на две, е жив доказ на стилот и убавината без оглед на тоа што неодамна наполни 47 години.

Пред објективот на модниот фотограф Џон Русо, Синди на уникатен начин ја олицетвори прекрасната актерка Марија Феликс од златното време на мексиканската кинематографија.

Целото снимање на едиторијалот за магазинот било снимено од големиот Владимир Марти, а вие сега може да уживате во видеото.

Објавено:
9 декември 2013