Девојче создаде мече што ги прекрива ќесите за инфузија за деца

27 јуни 2019

Кога имала само седум години, на Ела Касано ѝ била дијагностицирана ретка болест поради која таа морала често да добива крв, нешто што не е нималку пријатно, особено за дете.

Сакајќи да го направи престојот во болница што е можно понепријатен и да ги затскрие сите тие цевки низ кои поминувала инфузијата и крвта, Ела нацртала слатко мече во кое ќе може да се вметне ќесата со крв или инфузија за моментот да биде помалку стресен за сите деца.

„Ако не одам често на трансфузија на крв, има голем ризик да искрварам, а тоа значи и дека не смеам да се занимавам со било кој спорт или други активности. Не можам да возам велосипед, да играм фудбал, да се качувам на дрва...“, вели Ела за Bored Panda.

Додава и дека кога почнала со третманите, таа знаела колку многу деца се соочуваат со вакво нешто и сакала да им го направи третманот полесен и така го создала „Меди Теди“.

Благодарение на голем број донации што стигнале на нејзина адреса, таа успела да направи цел проект од првичната идеја, во кој вклучила изработка на голем број вакви мечиња кои подоцна ги донирала во болници каде се потребни.

Нејзината идеја во цртеж ја преточила нејзината мајка, по што заедно го однеле кај некој човек што изрбаотувал кукли по што за кратко време, од неговата работилница излегла првата кукла. Оттогаш, дизајнот на Меди Теди се променил во многу погледи, но сепак, таа се потпишува како создавач на овој фантастичен изум што израдува голем број деца ширум светот.

Објавено:
27 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.257 пати