Дијан вон Фустенберг наскоро ќе се закити со нова награда

24 јуни 2014

На церемонијата Ноќ на ѕвездите, организацијата Fashion Group International ќе и ја додели на Дијан вон Фустенберг наградата за Super Star. Минатата година Роберт Дафи и Марк Џејкобс се закитија со оваа награда, а пред нив официјални членови на FGI superstar клубот беа Каролина Херера, Дона Каран и Карл Лагерфелд.

Ова ќе биде 31 по ред церемонија за организацијата која е формирана во 1928 година кога 17 жени под раководство на поранешниот уредник на Вог, Една Вулман Чејс решија да организираат настан во кој официјално ќе се претстават жените кои се дел од модната индустрија. Од 1930 година, дел од членовите на организацијата беа Елизабет Арден, Едит Хед и Еленор Рузвелт.

Објавено:
24 јуни 2014
Категорија: 
Актуел