Дилан ја загуби својата битка

13 октомври 2016

Taжна вест од светот на скејтбордот денес.

Дилан Ридер ја изгуби битката со леукемија. Имаше само 28 години. Мулти талентираниот Дилан започнува со скејтерство на свои 9 години, а на свои 18 се придружува на професионалниот тим Alien Workshop.

Неговите натпреварувања ќе му го донесат прекарот „Златно момче" со неверојатен стил и развивање на таканаречениот „envelope-pushing style". Покрај неговата прва љубов скејтот, најпознат е по кампањата на DKNY за пролет 2014 заедно со Кара Делевињ и Џордан Дан. Го нарекуваа најзгодното момче во светот на скејтбордот.

Објавено:
13 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.822 пати