Дизајн пракса - европска конференција за дизајн образование

13 мај 2016

На 19. и 20. мај во Јавна соба и Европски универзитет Скопје ќе се одржи европската конференција за размена на научни и практични искуства во дизајн образованието. Дваесет експерти од областа на дизајнот и дизајн образованието ќе ги претстават своите идеи и предлози за унапредување на образованието и образување на квалитенти дизајн кадри кои полесно ќе го најдат својот пат до компаниите.

Дизајн образованието во Макеоднија не е целосно нова дисциплина, но можеби поради причината што било застапено преку други студиски форми, не било никој пат потенцирано во пошироата јавност. Со појавата на приватните факултети за дизајн и отпочнување на Неделата на дизајн во Скопје, преку организирање на серија работилници за млади дизајнери почнаа да се раѓаат нови дизајн брендови кои зачекоруваат самостојно на пазарот. Со тоа, дизајнот добива се повеќе на цена, а со тоа дизајн студиите стануваат поатрактивни помеѓу младите луѓе. Факт е дека на дизајн образованието во Македонија му се потребни реформи, каде преку овој тип на конференција на европско ниво ќе се разменуваат значајни искуства. Ова е од огромно значење на дизајн секторот и образованието воопшто.

Конференцијата е дел од проектот "Дизајн пракса" кој се реализира со цел да се зголеми практичното образование во дизајн институциите, односно да младите дизајнери излезат од факултетските клупи со доволно знаење, искуство и вештини како би биле по атрактивни за компаниите. По шесмесечното истражување на состојбата во дизајн секторот во Македонија, Хрватска и Австрија, ќе се компарираат резултатите од трите земји ќе се нудат конкретни предлози за унапредување на програмите.
Конференцијата Дизајн пракса е во организација на Јавна соба, Европски Универзитет на РМ, Скопје и компанијата Завар во соработка со проектните партнери од повеќе европски земји. Проектот е поддржан од страна на Европската Делегација во Брисел, програмата Еразмус плус.

Објавено:
13 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
107 пати