Добар маркетинг или неуспешен потег?

16 септември 2014

Американскиот бренд  „Urban Outfitters“ повторно се најде на удар на критика откако во јавноста како и на онлајн продажба претставија блуза со принт кој потсетува на дамки од крв. Блузата насловена „Vintage Kent State Sweatshirt“ е прогласена за таква со лош маркетиншки трик, со оглед на тоа дека на 4-ти мај 1970 година на државниот универзитет Кент се убиени четворица студенти кои протестираа поради војната во Виетнам.

„Urban Outfitters“ неодамна на продажба стави и маица со „пијан Исус“, чорапи со името Ганеш, богот на успехот кај Хиндусите итн...

Интересно е што брендот ја отстрани блузата исто како и чорапите, но со образложение дека се распродадени. Од универзитетот Кент велат дека маицата е голема навреда за нив и игра со болката само за остварување профит. Од компанијата пак, велат дека случајно се нашол принтот со дамки од крв и се извинуваат за ненамерната навреда.

Објавено:
16 септември 2014
Категорија: 
Актуел