Валмарт на онлајн купувачите им понуди „костими за дебели девојки“

5 ноември 2014

Американскиот бренд Валмарт како дел од својата понуда на онлајн шопот понуди и категорија на „костими за дебели девојки“, а голем број купувачи негативно реагираа преку постовите на Твитер, откако прва за тоа коментираше Кристин Вашбурн, која го обвини брендот за начинот на категоризирање.

Гласноговорникот на Валмарт во официјално соопштение до јавноста истакна дека брендот жали за инцидентот и дека моментално се работи на исправување на несаканата грешка. Минатиот месец, Urban Outfitters беше обвинет за лансирање на блузи со апликација и украсени со „крвави дамки“, и Primark за нудење на парчиња со навредливи пораки како што се  „Forced to work exhausting hours" и „cry for help".

Објавено:
5 ноември 2014
Категорија: 
Актуел