Доцен Крос слави активни 10 години во модната индустрија

6 август 2014

Холандската русокоса убавица најмногу позната како ангел на Викторија Сикрет, Доцен Крос не секогаш беше еден од најплатените топ модели. Слично како и повеќето славни манекенки, така и Крос својата кариера ја почна како анонимна девојка и тоа пред точно 10 години. Во своите почетоци таа беше скромна бринета, која најпрво стана миленичка на Валентино и Фенди, кои ја трансформираа во бомбастична русокоса со  максимално неверојатна физичка градба.

 

Таа во 2005 година заедно со Валентино го затвори неговото шоу, дебитираше по пистата на Рикардо Тиши за Живанши, следуваше ангажманот во шоуто на Џон Галијано за Кристија Диор. Ангажманите на Доцен Крос низ овие 10 години би ги посакал секој модел, а дека е предодредена да ги освојува челниците во модната индустрија докажува тоа што речиси и нема бренд и дизајнер што не би соработувал со неа.

 

Неодамна таа по вторпат стана мајка на девојче, додека од првата бременост го има тригодишниот син Филон.

Објавено:
6 август 2014
Категорија: 
Актуел