,,Долче и Габана" бара 600 милиони евра во тужбата против Diet Prada

8 март 2021

Расправијата меѓу Долче и Габана и Diet Prada не е ништо ново во модниот свет! Но, сега стигна на суд.

Во 2018 година, Долче и Габана се соочија со бурни реакции за наводните расистички аспекти на нивната модна кампања #DGLovesChina. На неа беше прикажана млада Азијатка која со традиционалните кинески стапчиња се обидува да јаде италијанска храна. Таа година, беа принудени да ја откажат модната ревија во Шангај, откако платформата Diet Prada,која често ги разоткрива копиите и ексцесите во модниот свет, не ги повика за својата несензитивна кампања, но и расистичките изјави на Стефано Габана во една преписка со платформата. Социјалните мрежи ја нападнаа италијанската модна куќа, а неколку познати лица и јавно говореа за овој скандал. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)

Три години подоцна, Diet Prada се огласија на нивниот Инстаграм профил за тужбата која Долче и Габана ја упатиле против нив.

,,Со оглед на тоа колку антиазијатска омраза се шири низ САД, ни се чини погрешно да продолжиме да молчиме за тужбата која ја загрозува нашата слобода на говор. Ние сме мала компанија чиј основач е лице со поинаква боја на кожата па токму затоа и активно се бориме против расизмот. Во тужбата се наведува дека ние сме одговорни за нивниот загубен приход и штетата која му е нанесена на основачот Стефано Габана, затоа што сме ја критикувале рекламната кампања на Долче и Габана во 2018 година," велат Тони Лиу и Линдзи Шујлер.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)

Долче и Габана во тужбата бараат вкупно 600 милиони евра отштета од кои 450 милиони кои куќата гипотрошила за да си го врати првобитниот углед, 3 милиони евра за компанијата и 1 милион за Стефано Габана, 8,6 милиони за откажување на шангајското шоу, 8.6 милиони за трошоци за вработените и 89.6 милиони коик уќата ги загубила поради намалувањето на продажбата на пазарот во Азија од ноември 2018 до март 2019.

Diet Prada веќе поднесоа жалба на оваа тужба. Истовремено, го основаа сајтот GoFundMe, за оние кои сакаат да помогнат при финансирање на овој случај, кој ќе го води Институтот за модно право. Каков ќе биде исходот од оваа правно-модна битка, останува да видиме.

Објавено:
8 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
132 пати