Долче и Габана повторно ослободени од обвиненијата за затајување на данок

25 октомври 2014

Италијанското дизајнерско дуо Доменико Долче и Стефано Габана беа ослободени од Врховниот суд во Италија за затајување данок од италијанските власти и прикривање на приходи поголеми од стотина милиони евра.

Претходно, најпознатото италијанско дизајнерско дуо беше осудено од два италијански судови за прикривање данок и измама во бизнисот преку компанијата Gado, регистрирана во Луксембург, поради што беа и осудени на 18 месеци затвор и парична казна од 10 милиони евра.

„Ние отсекогаш сме биле искрени и сега сме неверојатно горди на фактот што италијанскиот суд не ослободи од сите обвинувања. Да живее Италија“, изјавија Доменико и Стефано.

Одлуката на судот беше потврдена и од страна на компанијата, а судот објави дека обвинението било отфрлено како „неосновано“, со што стави конечен крај на случајот против големите Долче и Габана.

Објавено:
25 октомври 2014
Категорија: 
Актуел