Дуа Липа пристигна во Косово

9 август 2018

Светската ѕвезда Дуа Липа утре ќе одржи концерт во родната Приштина, а информацијата ги возбуди фановите во регионот, кои со нетрпение го очекуваат утрешниот музички спектакл.

Пејачката од вчера е во Косово, а на аеродромот пристигна со приватен авион, во друштво на своето момче Ајзак Кару. Светските медиуми исто така ја објавија веста, а модните магазини се фокусираа на нејзиниот изглед, кој повторно е одличен.

Во бело тексасно фустанче и розови чизми со потпис на Александар Вотје, Липа изгледа совршено.

На аеродромот беше пречекана од татко ѝ Дукаѓин, кој воедно е и организаторот на концертот, а во рамки на летниот музички фестивал Sunny Hill Festival, мајка ѝ Анеса и помалата сестра Рина.

Објавено:
9 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
924 пати
Извор: 
daily mail