Топ моделот Ирина Шајк честопати е забележана на улиците на Менхетен во прошетка со својата ќерка Леа. Ако денес не забележите фотографија од Ирина на светските портали, веројатно нешто со неа и не е во ред. Но, поранешната партнерка на Бредли Купер со право е мета на папараците, бидејќи често знае да направи смели и во тренд модни избори.
Вчерашниот, за жал, не беше еден од нив.
Ирина Шајк беше фотографирана во тексас одело од фармерки и јакна, на кое беа отцртани делови од ренесансното уметничко дело на сликарот Франсоа Буше. Парчињата се креација на Вивиен Вествуд, а Ирина ги комбинираше со црни чизми.
Иако многумина веројатно ќе ја пофалат за нејзината смелост, во одреден степен манекенката стои на тенката граница меѓу одличен моден избор и модна презаситеност.
Од една страна го земаме обзир фактот дека се работи за Вивиен Вествуд (откачена и храбра дизајнерка со долг стаж и бунтовни креативни решенија). Сепак од друга страна, јакната и панталоните како посебни парчиња, можеби многу поотмено би дошле до израз, во комбинација со некои помирни дизајни. Така да речеме, бел мини фустан од тантела би бил совршена комбинација за јакната, додека панталоните одлично би се споиле со црна маичка со краток ракав и интересен натпис.
Но, во тој случај, веројатно Ирина би била лишена од сиот овој публицитет кој на секојдневно ниво го добива.