Уште еднаш се потврди дека духот на Вивиен Вествуд уште долго ќе владее како на улиците така и на модните писти.
Тоа го докажа и покажа нејзиниот сопруг Андреас Кронталер, со последната есенска колекција што викендов беше презентирана во Париз.
И повторно сè беше во знакот на Вествуд, француски барок исткајан во деталите и сетинг како што таа би посакала, декор до максимум.
Самото отворање на ревијата започна со модел кој носеше бела маичка на кој што беше испечатен ликот на дизајнерката, комбинирана со мини тартан здолниште, над хеланки со принт.
И на ова само продолжија да се нижат уште екстравагантни парчиња со нишка на готска естетика.
Познатиот корсет здолниште, цветно-огнени шари, како и мрежести фустани во комбинација со потпетици на платформа.
Во чест на Вествуд прошета и Ирина Шајк со волуменозан фустан од шифон со џебови на двете страни.
Се појави и внуката на Вивиен, Кора Коре, која што го затвори шоуто во невестински аутфит замислен како мини фустан со тантела и чизми на платформа.
Фото: Vogue