Памела Андерсон е новото лице на Вивиен Вествуд

30 јануари 2017

Во кампањата за колекцијата пролет-лето 2017 на Андреас Кронталер за Вивиен Вествуд, како заштитно лице е ангажирана познатата актерка Памела Андерсон.

Кампањата ја фотографираше легендарниот фотограф Јирген Телер и тоа во неговата вила на грчкиот остров Хидра, бидејќи и самата кампања е инспирирана од медитеранскиот дух.

„Ова место изгледаше перфектно за ваква кампања. Ја сакаме авантурата околу сето ова. Вивиен, Андреас и Памела се супер луѓе за соработка. Обожувам да соработувам со нив", вели фотографот.

Во однос на кампањата и заедничката соработка за оваа рустична колекција, која карактеристично за Вивиен има еколошка порака, Памела вели:

Од Вивиен научив дека секој ден е нова можност. Дека не треба да бидам тивка. Морам да бидам единствена и секој ден да работам напорно за да бидам вклучена во она што се случува во светот, како вљубеник во уметноста и како активист.

Инаку ова не е прва заедничка соработка на актерката со брендот, туку таа до сега се има појавено во три различни проекти на Вествуд, со што ја поддржува нејзината политичка, општествена и уметничка идеологија.

 

Објавено:
30 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
172 пати