Изминатата ноќ не помина само во знакот на GQ наградите. Во Лондон во преубавиот ентериер на замокот Хајленд по деветти пат се доделија „Шкотските модни награди“(Scottish Fashion Awards), за најуспешните во рамките на модната индустрија.
И покрај големиот број гости, сепак ноќта и беше посветена само на една дама: Модната кралица Вивиен Вествуд која носеше црна тоалета изработена од фамозниот тартан материјал и која се закити со главната награда „Hall of Fame“ , за успешно користење на шкотскиот текстил во нејзините креации. Со добивањето на ова признание таа им се приклучи на елитата наградени во изминатите години на оваа престижна манифестација како Стела Тенант, Сем Мекнајт и Ранкин.
„Јас ја посветувам оваа награда на двајца мажи кои биле мои соработници и ко-дизајнери Малком Мекларен, кој ми ја всади љубовта кон тартанот и мојот сопруг Андреас кој е феноменален човек и моја поддршка“, рече дизајнерката по прифаќањето на наградата .
Домаќин на вечерта беше Лаура Витмор, кој носеше супер сладок модел на фустан потпишан од зимската колекција на Холи Фултон.
„Сме се виделе со Холи неколку пати претходно и сметам дека е прекрасна. Таа е брилијантна. Сум носела фустани од неа и порано. Некако како да знаев дека сакав да носам нејзин фустан и вечерва, бидејќи моделите од последната линија за есен-зима 2014 се спектакуларни“, изјави Витмор за медиумите.
На големо изненадување наградата за дизајнер на годината отиде во рацете на Кристофер Кејн, а убавиот Дејвид Ганди се закити со откритие на годината додека Ејми Мекдоналд замина дома со наградата за модна икона.