Вивиен Вествуд наградена на The Scottish Fashion Awards

1 септември 2014

Кралската престолнина, градот Лондон вечерва ќе биде домаќин на уште една наградна церемонија „The Scottish Fashion Awards“. Наградените се веќе однапред познати на јавноста. Имено, британската дизајнерка Вивиен Вествуд ја освои наградата „Hall of Fame“, за успешно користење на шкотскиот текстил во нејзините креации. Жирито обрна внимание и на залагањето на дизајнерката во борбата против климатските промени, заштитата на граѓанските права и слободи, но исто така и за инвентивното користење на шкотскиот тартан во структурата на моделите.

Како резултат на употребата на овој вид материјал, особено оној со кариран принт, Вествуд пред неколку години создаде свој текстилен погон „MacAndreas“, именувам по нејзиниот трет сопруг Андреас Кронталера. Ова е деветто издание на „The Scottish Fashion Awards“, а изминатите години со главната награда „Hall of Fame“ се закитија супермоделот Стела Тенант, стилистот Сем Мекнајт и фотографот Џон Ранкин.

Покрај главната награда, брендот на Вивиен Вествуд ја однесе и наградата за „International Brand of the Year“ или најдобар меѓународен бренд на годината, заедно со етикетите на Симон Роша, Марк на Марк Џејкобс, Мезон Мартин Марџела и Мулбери.

 

Објавено:
1 септември 2014
Категорија: 
Актуел