Кој е најдобар - Кејн, Мисони или Ванг?

24 јули 2013

Koj e najdobar

Дизајнерот Кристофер Кејн е номиниран за модната награда „Fashion group international“ на годишните „Ноќ на ѕвезди“ награди (Night of Stars awards), кои ќе се одржат на 22.октомври во Њујорк. Шкотскиот дизајнер ќе се бори против Анџела Мисони и Александар Ванг. Кој ќе биде најдобриот дизајнер, ќе дозанаеме тогаш.

Но, од она што е досега познато е дека Карин Ројтфелд ќе ја добие медија наградат, додека пак, креативниот директор на Сваровски, Најда Сваровски, ќе ја добие наградата за најдобра визија на бренд.

Во категоријата за убавина ќе бидат наградени брендот „Bare Escentuals“, и нивната креативна директорка Лесли Блаџет, додека наградата за внатрешен ентериер ќе му припадне на Џими Дрејк.

Уредничката на италијанското издание на Вог, Франка Созани и основачот на „Fashion 4 development“, Иви Еванџело ќе бидат наградени со награда за хумнитарна работа, додека наградата за лидерство ќе му припадне на брендот „Coach's Lew Frankfort“.

Објавено:
24 јули 2013
Категорија: 
Актуел