Ријана ја дизајнираше „Обувката на годината“

8 ноември 2016

Наградата „Обувка на годината“ овој пат ѝ припадна на Ријана. Пејачката доби признание за моделот „Fenty x Puma Creeper“, како дел од колекцијата во соработка со „Пума“, за која многу се зборуваше во текот на оваа 2016 година.

Дел од факторите што го одредуваат победникот се малопродажбата на обувките, повратната реакција на потрошувачите, промоцијата на социјалните мрежи и генерално, реакцијата на јавноста.

Уште позначајно е тоа што Ријана е првата жена што ја освоила оваа награда некогаш. За потсетување, минатогодишниот победник беше Канје Вест со патиките „Yeezy Boost 350“.

-Дури и во најлудите соништа не можев да замислам дека ќе ми припадне честа да ја примам оваа награда за „Обувка на годината“. Многу ми значи тоа што успеав на ваквов начин да оставам трага во индустријата на чевлите и патиките, а уште повеќе што луѓето ја споделиле со мене љубовта за  „Creeper“.

Наградата ќе ѝ биде врачена на 29-ти месецов, кога по 30-ти пат ќе се одржат „Footwear News Achievement Awards“. Иако, со долга традиција, категоријата во која победи дизајнот на пејачката постои само три години. Сепак, тоа не го намалува успехот на девојката од Барбадос.

Покрај неа, на 29-ти наградени ќе бидат и Салваторе Ферагамо за Дизајнер на годинава, Марк Кинг (претседателот на Адидас за Северна Америка) е Личност на годината. Наградата за животно дело ќе му припадне на Алдо Бенседан, додека Ајрис Апфел ќе ја добие наградата за „Икона“ на годината. 

Објавено:
8 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.391 пати