Колку и да е понекогаш бизарно тоа што ќе го облече Ријана, инстантно станува тренд. Единствено поради тоа што таа е Ријана – сама по себе феномен.
looklive.jpg
Откако се појави во музичката индустрија, набрзо ја освои и модната сцена, а сега нејзиното име е апсолутно бренд кој продава.
vogue.jpg
Токму затоа можеби и не е за изненадување резултатот од истражувањето на платформата Lyst, кои направија една глобална анализа на пазарот за годината што изминува со што дошле до заклучокот дека стилот на Ријана е најкопиран на светско ниво.
haus_of_rihanna.jpg
Во нивното истражување, тие опфатиле 80 милиони купувачи од различни географски точки на светот, а резултатот укажувал на еден фаворит кога стилот е во прашање – поп иконата Ријана.
footwear_news.jpg
Годинава Ријана беше подеднакво активна и во музичката и во модната сфера. Лансираше заедничка колекција со Пума, Диор, е нејзината козметичка линија „Fenty" е вистинска сензација.
fuse_tv.jpg
Покрај неа, на врвот од оваа листа се и Селена Гомез, Бела Хадид, Меган Маркл и Кејт Мидлтон.
fashion_bomb_daily.jpg