Како Ријана стана толку влијателна во модниот свет?

1 јуни 2017

Студентите на „Parsons School of Design“, вчеравечер имаа своја годишна ревија. Група апсолвенти на бината зборуваа за талентите и восхитот кон еден од годинашните почесни гости на настанот - Ријана.

фото извор: nytimes.com, Amy Lombard

„Таа е неверојатна, инспиративна. Нејзиниот стил е неверојатен. Нејзиниот бренд е неверојатен“... Како што и сами забележувате, многу пати се повторува зборот „неверојатно“ во нивните описи.

 За сите овие идни дизајнери, Ријана е пример, некој што сакаат да бидат во иднина.

Не некој што го студирал истиот факултет, некој што се наоѓа во врвот на модната индустрија благодарение на истрајноста, работата и имагинацијата, не некој бренд или претставник што направил модна револуција и создвал примери токму за идните генерации, ниту пак некој произведувач што го зголемил буџетот низ годините повеќекратно, туку Ријана.

фото извор: nytimes.com, Amy Lombard

Пејачката од Барбадос, која во меѓувреме стана и претприемач, пред три години беше прогласена за „модна икона“ од Советот на американските модни дизајнери, истата титула која претходно им беше доделена на имиња како Марк Џејкобс, Дона Каран, Џејсон Ву.

Она што навистина предизвикува интерес и поттикнува размислување е која лекција ни ја дава Ријана – дали тоа како од добро облечена позната личност се станува сериозен моден креативец или пак лекцијата се содржи во квази-академското окружување кое ја воздигнува ни помалку –ни повеќе Ријана?

Нема сомнение дека таа наметна нови правила кога е врската помеѓу селебрити личностите и модата во прашање. Тоа колку е влијателна паралелно и во делот на продажбата е исто така факт што не смее да се занемари и кој исто така е важен во модната индустрија.

фото извор: nytimes.com, Amy Lombard

Нејзината дизајнерска кариера започна во 2008 година, кога „Гучи“ ја повика да биде дел од хуманитарниот проект „Raising Malawi“, одржан во Обединетите Нации. Шест години подоцна ѝ беше врачена споменатата награда од CFDA.

Потоа следеше потпишувањето на договорот со „Пума“, каде всушност беше креативен директор и дизајнираше своја линија (FentyxPuma), која беше презентирана првин на модната недела во Њујорк, а потоа и во Париз.

Потоа стана креативен директор на „Stance Socks“, а ја освои и Footwear News Award за обувки на годината и стана првата жена на која ѝ е врачена таква награда.

И „Диор“ ја ангажираше за линија очила за сонце, а се сеќавате на соработката со Маноло Бланик која беше вистински хит и чизмите кои ги носеше Џенифер Лопез.

Меѓу последните соработки беше онаа со „Шопар“ за лимитирана колекција накит.

фото извро: billboard.com

-Таа има уникатна способност да го прави сето тоа истовремено. Тука не мислам само на нејзината креативност, туку и на нејзината способност да ги придобие глобалните брендови со кои договара соработка под многу флексибилни услови. А тоа пертходно не се случувало – објаснува деканот факултетот за дизајн на „Парсонс“.

Постојат три типа стратегии за познати личности што сакаат да бидат дизајнери.

Првата е „да го лиценцирате своето име и да направите профит од него“, која може да има различни нивоа на успех. На пример, линијата на Џенифер Лопез „Sweetface“ пропадна, а Џесика Симпсон на пример доживеа неверојатен успех благодарение на своето име.

фото извор: dailymail.co.uk

Втората е „да сте скромни и покорени пред модната индустрија, да влезете во ателјето, да се изгубите, да работите напорно “. Оваа стратегија ја користи Викторија Бекам, која стана сериозна личност и дизајнер во модниот свет, како и сестрите Олсен. Иако можеби не толку скромно и покорно, сепак напорната работа го донесе и Канје Вест на одредена позиција во модниот свет.

Третата и најактуелна е „поп-рок колекција за пробив, како што направија Џастин Бибер, Лејди Гага, The Weeknd...

Во која група припаѓа Ријана? Во ниту една. Таа вели дека сериозно работи на својот бренд, но истовремено е „фриленс“ за многу други брендови, често и конкурентски.

За успехот што го постигнува, секако придонесува и армијата обожаватели што ја има зад себе. Исто така и тоа што секогаш презема ризици ѝ носи нови можности. Платформите на кои е деловно активна се меѓусебно поврзани. Музиката влијае врз модата и обратно.

Која е пораката што таа ја праќа до остатокот од модниот свет? До купувачите? До децата, студентите кои седат на факултет и ги учат работите што таа никогаш не ги учела?

-Пораката е дека сè е можно. Ова е сосема нова игра во модната индустрија и таа го покажува тоа – вели Ферн Малис, моден консултант.

Но, без разлика како ќе ѝпристапите на модната индустрија едно е сигурно, дека зад секој човек што нешто продава постои студио, тим, групација..., кои се неопходни за успех.

Во случајот на Ријана работите се на ваков начин поврзани: Нејзиниот стилист е Мел Отенберг. „Пума“ е во сопственост на „Керинг“, групација која исто така ги поседува и „Гучи“ и „Ив Сен Лоран“ (покрај другите брендови). И ова е класичен пример за тоа дека за сè во животот мора да имате „поддршка“, да остварите контакт со вистинските личности.

Сепак, ова се само дел од претпоставките за успехот на Ријана. Нејзиниот пример не може да се толкува ниту како комплетно позитивен, ниту како комплетно негативен, па со тоа сè уште не е сосема до крај отркиено која е најзината тајна. Но, факт е дека што и да прави, очигледно успева и тоа одлично, паралелно испишувајќи нова историја.

Објавено:
1 јуни 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
772 пати
Извор: 
New York Times