Џеј Ло во креација на Мелина Џиновиќ

23 ноември 2015

Белиот фустан што Џенифер Лопез го носеше на снимањето на „Американски Идол“ веќе неколку дена е предмет на коментирање.

Сите забележаа дека Џеј Ло одлично изгледа во креација на дизајнерката Мелина Џиновиќ, инаку сопруга на пејачот Харис Џиновиќ.

Мелина Џиновиќ

Дизајнерката не ја криеше својата радост што познатата ѕвезда одбрала да носи токму нејзина креација од колекцијата „Hamel“, па на Инстаграм профилот објавувајќи ја Џеј Ло во белиот фустан напиша: „Не може подобро од ова!“.

Инаку, Мелина е добро позната во модниот свет, но и Холивуд, а една од нејзините најверни клиенти е и Шерон Стоун.

Таа веќе неколку пати се појави на важни настани токму во креации на Мелина која работи под брендот „Melina Harris“.

Објавено:
23 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
6.591 пати