Џенифер Анистон сруши Гинисов рекорд!

16 октомври 2019

Џенифер Анистон беше главна тема вчера во медиумите. Актерката конечно отвори Инстаграм профил, а првата фотографија која ја закачи, беше со нејзините колеги од „Пријатели“.

„Сега сме и Инстаграм ПРИЈАТЕЛИ“, напиша таа и лудилото започна.

За неполн час, фотографијата имаше преку два милиони допаѓања, а утринава бројката достигна 8.391 634!

Воедно, на Анистон ѝ успеа да го „урне“ Инстаграмот. За еден час, нејзината страна привлече 116.000 следбеници, што го предизвика и уривањето.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) onOct 15, 2019 at 6:03am PDT

 

Имено, после некое време, нејзините обожаватели се пожалија дека не можат да ја заследат. 

Инстаграм потоа упати извинување до сите: „Свесни сме дека некои луѓе имаат проблем да ја заследат страната на Џен - интересот е огромен. Веќе работиме на решавање на проблемот и се надеваме дека страната ќе работи без пречки за многу кратко време“.

За пет часа од поставувањето на фотографијата, Џенифер имаше 1.4 следбеници, а фотографијата четири милиони лајкови. Со тоа го сруши Гинисовиот рекордот на Хари и Меган за профил кој за најбрзо време успеа да добие еден милион лајкови. Тоа им успеа за пет часа и 45 минути, но актерката ги надмина, а фотографијата стана вирална!

Утринава, профилот на Анистон го следат 6.7 милиони. Не е лошо како за почеток нели?

 

 

Објавено:
16 октомври 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
5.529 пати