Џон Траволта: ,,Тато те обожува"- Првиот роденден на Ела по смртта на нејзината мајка Кели Престон
•
6 април 2021
Ѕвездата од Брилијантин, Џон Траволта, на својот инстаграм профил и' го честиташе роденденот на својата ќерка Ела Блу. Тој објави фотографија од убавата 21-годишна Ела, па напиша ,,Среќен 21 роденден на најубавото и најдобро човечко суштество кое го знам. Тато те обожува."
View this post on Instagram
Џон Траволта и неговата сопруга Кели Престон ја добија Ела во 2000 година, а Кели Престон почина во јули 2020 по двегодишна борба со рак на дојка, што значи дека ова е првиот роденден за Ела без нејзината мајка.
View this post on Instagram
Помладиот брат на Ела е роден во 2010 година, додека постариот почина во 2009 година од напад на 16-годишна возраст.
View this post on Instagram