Почина ѕвездата на „Брилијантин“: Оливија Њутн-Џон ја изгуби битката со ракот

9 август 2022

Во 73-та година од животот, вчера почина познатата британско-австралиска актерка и пејачка Оливија Њутн-Џон, која се прослави со хит мјузиклот „Брилјантин" од 1978 година.

Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг, Џон Истерлинг:

„Оливија Њутн-Џон (73) почина мирно утрово на својот ранч во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите. Бараме сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овој многу тежок период. Оливија беше симбол на триумфот и надежта повеќе од 30 години, споделувајќи го своето патување во борбата против ракот на дојката. Нејзината исцелителна инспирација и пионерско искуство со хербалната медицина продолжува со Фондацијата Оливија Њутн-Џон, посветена на хербалната медицина и истражувањето на ракот", напиша нејзиниот сопруг.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Olivia Newton-John (@therealonj)

 

30 години актерката храбро ја водеше битката со ракот на дојка, што за прв пат ѝ беше дијагностициран во 1992 година, а во 2017 откри дека ѝ се вратил и се проширил на 'рбетот. Во меѓувреме, имала и втора дијагноза во 2013 година, но јавноста не дознала за истата.

 

Оливија Њутн-Џон е четирикратна добитничка на Греми награди, продаде над 100 милиони албуми, а нејзиниот хит од 1981 година „Физикал", „Блиборд" го прогласи за најсекси песна на сите времиња.

Откако ја започна својата лична борба со ракот, ја основаше Фондацијата посветена на истражување и подобрување на процесите на лекување на ракот, а и самата беше голем активист и борец.

Во 2018 година, на 40-годишнината од „Брилијантин" заедно со нејзиниот партнер од хит мјузиклот, Џон Травлота, направија шоу и го изиграа познатиот танц од филмот.

Важеше за една од најубавите актерки што некогаш Холивуд ги имал, а со нејзината улога на Сенди Олсон стана секс симбол на 70-те и 80-те години.

Објавено:
9 август 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
540 пати