40 години „Брилијантин“: Оливија Њутн Џон и Џон Траволта го изиграа познатиот танц

16 август 2018

Во Беверли Хилс вчера се случи одбележувањето на 40-годишнината од остварувањето „Брилијантин“. Оливија Њутн Џон (69) и Џон Траволта (64) секако беа главни ѕвезди, па дури и го изиграа познатиот танц од филмот.

На настанот се појави и дел од останатата актерска екипа, а навраќањето на 1978 година кога и за првпат се појави мјузиклот, беше интересно и за медиумите и за учесниците.

Оливија Њутн се појави во бело одело во комбинација со розова свилена маица и розови рамни обувки со украсни камења. Изборот на Џон беше џинс во комбинација со кошула, џемпер и палто. 

Инаку, албумот со музиката од филмот е продаден во преку 28 милиони копии ширум светот, а хитовите „You're the one that i want“ и „Summer nights“ и денеска се слушаат со големо задоволство.

Во продолжение погледнете дел од амосферата на одбележувањето на јубилејот:

Објавено:
16 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.449 пати