Џордан Дан е новото заштитно лице на Мејбелин
•
22 април 2014
Познатиот американски козметички бренд ја ангажираше 23 годишната манекенка да биде нов амбасадор за новата линија производи.
„Нејзиниот изглед, стилот и позитивната енергија се совршени предиспозиции за Мејбелин Њујорк. Џордан ја рефлектира визијата за Мејбелин на вистинскиот начин“ – изјави Џером Брухат, претседател на козметичкиот бренд.
Џордан е родена во Лондон, а со манекенство започнува да се занимава од 16 годишна возраст кога своето деби го остварува на модната недела во Њујорк,носејќи креации на Марк Џејкобс и Ралф Лорен. Досега има соработува со Викторија Бекам, Ив Сен Лоран, Барбери и Топшоп и исто така има снимано едиторијали за сите светски модни магазини.