Нов моден тандем во кампања на Барбери

15 декември 2014

Идејата за моден тендем дефинитивно му се допаѓа на Кристофер Бејли кој претходно ги ангажираше Кејт Мос и Кара Делевињ за кампањата за парфемот „My Burberry“, а сега ангажираше нова добитна  двојка за пролетно-летната кампања.

Наоми Кемпбел последен пат соработуваше со Барбери во 2001 година, а Џордан Дан во 2011 година. Двете манекенки изгледаат перфектно на фотографиите кои се дело на маестралниот Марио Тестино, а креативниот дизајнер на модниот бренд Бејли, за снимањето на оваа кампања вели:

-Наоми и Џордан се британски икони и прекрасни жени кои се совршени за новата кампања. Да се работи со нив е голема чест.

Во продолжение погледнете дел од фотографиите и тизер од снимањето на кампањата на Барбери за 2015 година, каде акцентот е ставен на класичниот мантил, но во колоритна варијантна и комплетиран со модни додатоци.

#t=12

Објавено:
15 декември 2014
Категорија: 
Актуел